Радовиш ангажираше нов ракометар за борбата за опстанок

Екипата на Радовиш ангажираше нов ракометар за дуелите во борбата за опстанок во македонската елита.

Тимот на Љупче Мијалов ќе биде посилен со довчерашниот ракометар на Аеродром, Филип Талевски.

Битолчанецот веќе дебитираше во дресот на Радовиш во дуелот против Вардар Неготино, кој заврши без победник.

Младиот ракометар потекнува од школата на Еурофарм Пелистер каде ги мина сите младински категории.

Радовиш моментално се наоѓа на 7. позиција во плеј-аут фазата со еден бод, оној од ремито со Вардар Неготино.

Избраниците на Мијалов во следното, 3. коло ќе гостуваат во Скопје кај екипата на Јуниор КВ.