Поповиќ го објави списокот пред ЕП – смета на две екс членки на Вардар

Селекторот на женската репрезентација на Црна Гора, Бојана Поповиќ денес го објави списокот на повикани ракометарки за претстојната ЕХФ недела што е на програмата од 26 септември до 2 октомври.

Поповиќ во подготвителниот период, во кој Црна Гора нема да одигра контролни натпревари, ќе може да смета на 20 ракометарки.

Меѓу повиканите ракометарки се наоѓаат и двете поранешни членки на Вардар, Јованка Радичевиќ и Итана Грбиќ. Двете ракометарки играат во одлична форма во Крим, односно Брест Бретањ.

Поповиќ по подготвителниот период ќе одлучи со кој состав ќе настапи на Европското првенство во ноември, но за очекување е да смета и на искусните ракометарки со долг репрезентативец стаж како Радичевиќ, Грбиќ, Раичевиќ, Рајчиќ…

Како што е веќе познато Црна Гора заедно со Македонија и Словенија ќе бидат домаќините на Европското првенство. Црногорките ќе имаат тежок предизвик бидејќи во групната фаза ќе играат против репрезентациите на Германија, Шпанија и Полска.

Најдобрите три селекции од секоја група ќе обезбедат пласман во главната фаза на континенталниот собир. Селекцијата на Црна Гора на ЕП 2020 го освои осмото место.