Публиката се враќа во Шпанија: Барса и Елверум ќе играат пред навивачи

Раководството на шпанскиот првак Барселона по дозволата на властите, пушти во продажба ограничен број на билети за дуелите со Елверум.

Двомечот меѓу каталонскиот гигант и норвешкиот тим ќе се игра во Барселона, поради ковид рестрикциите во скандинавската земја.

И без публика и со публика, Барса е голем фаворит за пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Првиот натпревар меѓу Барса и Елверум во „Блауграна“ се игра на 2 април од 18:45 часот, додека вториот е на 5 април во истиот термин.