Противник на Вардар го ангажираше најдобриот млад ракометар од Шведска

Норвешкиот првак Елверум, кој ќе биде еден од ривалите на Вардар во Лигата на шампионите, донесе ново засилување пред стартот на новата сезона.

Откако го испрати десниот бек Александар Митровиќ на позајмица во Фјелхамер, Елверум го ангажираше најдобриот млад ракометар од Шведска.

Станува збор за Едвин Аспенбек, кој доаѓа од Сковде и потпиша договор на четири сезони, а има 20 години и одлични физички предиспозиции (196/96).

На десната бековска позиција ќе игра заедно со Унгарецот Доминик Мате и Норвежанецот Симен Шонингсен.