Противникот на Вардар играше пријателски дуел пред навивачи, но загуби

Норвешкиот првак Елверум што ќе биде прв гостин во Скопје на дуелите од Лигата на шампионите, одигра тест натпревар.

Избраниците на Борге Лунд загубија од составот на Колстад со 28-29, а на полувремето исто така водеше гостинскиот тим со 15-17. Овој дуел се одигра пред 200 навивачи.

Елверум се уште го нема на располагање најголемото засилување Лук Абало, па во негово отсуство се истакнаа Александер Блонц со седум голови и Доминик Мате со пет.

Норвежаните ќе гостуваат во Скопје на прв дуел со европскиот шампион Вардар на 24 септември во 20:45 часот.