Проблемите на Франција се намалуваат – двајца се вратија на тренинзи, Жил повика уште тројца

Петмина ракометари се приклучија на тренинзите на француската репрезентација пред ЕП, па сега селекторот Гијом Жил има на располагање доволен број за да одржува тренинзи.

Голманот Реми Десбоне и десното крило Беноа Конку, се вратија на тренинзите на кампот во Кретеј.

Селекторот Жил повика дополнително уште тројца ракометари – левото крило Рафаел Кошете, средниот бек Николас Клер и левиот бек Матје Гребиј.

Првата ѕвезда на францускиот тим, Никола Карабатиќ, се уште е во изолација, но би требало да се приклучи на тренинзите на стартот на новата година.

Франција ќе игра пријателски натпревари против Египет на 7 јануари и против Норвешка во Шамбери.

На ЕП, Французите ќе се соочат со Србија, Хрватска и Украина во групата што се игра во Сегедин.