Прилеп останува во игра за Ф4, беше убедлив против Голден Арт

Ракометарите на Прилеп беа убедливи против Голден Арт, со резултат 30:25, во првото полуфинале од Групата Г во рамки од Купот на Македонија. Прилеп за место меѓу најдобрите четири екипи ќе се бори со подобриот од дуелот меѓу Пролет и Еурофарм Пелистер 2.

Прилепчани покажаа целосна доминација во првото полувреме. Гостинскиот состав на Голден Арт беше рамноправен противник во првите десет минути кога двете екипи имаа постигнато по три погодоци. По стартното водство на Прилеп од 2:0, следуваше серија од 3:0 на гостите за позитива од 3:2. Во периодот од 10 минута, па сѐ до 20. минута, Прилеп целосно ја имаше прочитано играта на противникот, ги казнуваше неговите грешки, постигнуваше лесни погодоци, а неговото водство се движеше до пет гола разлика.

Екипата на Голден Арт преку квалитетот на Илиев сѐ уште беше во игра и во завршниот дел од првото полувреме го искористи падот на домаќините, успеа да намали дел од негативната разлика. Прилеп на полувреме замина со предност од плус три гола разлика, 17:14.

Голден Арт на почетокот на второто полувреме се врати во игра, намали на минус два, а во 38. минута при негатива од 18:16, пропушти шанса од пенал за минус еден. Домаќините никако не дозволија целосен камбек на противникот, кој во 40. минута конечно стигна на еден негатива, 20:19. Во следниот период следуваа погодоците на Чантурија, Трајковски и Бикоски, за водство од 24:19. На десет минути пред крајот резултатот беше 26:21 за Прилеп. Гостите од Скопје во последните десет минути немаа никакви шанси за сензација и годинешното учество во Купот го завршуваат со елиминација под ” марковите кули”.

Најефикасни во Прилеп беа Давор Шокоски и Симон Мирчевски со по шест погодоци. Во Голден Арт прв стрелец беше Ивица Илиев со девет погодоци.

Куп на Македонија, четвртфинални групи: 

Група А
ТИКВЕШ слободен
ЈУНИОР КВ – ВАРДАР 23:40
ВАРДАР – ТИКВЕШ 33:23

Група Б
БУТЕЛ – СКОПЈЕ 25-20
СТРУГА – АЕРОДРОМ 32-30
БУТЕЛ – СТРУГА 29:23

Група В
ДРАЧЕВО – ОХРИД 27:41
АЛКАЛОИД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 26:32
12/3, 19:30 часот, ОХРИД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (Боро Чурлевски)

Група Г
12/3, 18:30 часот, ПРОЛЕТ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 (Македонско Сонце)
ПРИЛЕП – ГОЛДЕН АРТ 30-25
??? ПРОЛЕТ/ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ПРИЛЕП