Бутел прв патник на Ф4, Струга не беше закана

Ракометарите на Бутел во финалето од групата 2 во Купот на Македонија немаа поголеми проблеми против Струга и запишаа победа од 29:23. Со освоената победа над Струга, екипата на Бутел обезбеди пласман меѓу најдобрите четири екипи кои ќе се борат за годинешната титула.

Гостинската екипа од Струга парираше до првата половина од првото полувреме. Барјактаревиќ, Ѓоргиевски и Кастратовиќ, беа носителите на добрата игра на гостите, кои во 10. минута од натпреварот дојдоа до водство од 6:5. Стружани издржаа уште неколку минути, се обидоа да бидат рамноправни до крај на првото полувреме, но Бутел во последните петнаесетина минути со лесни погодоци започна да се одлепува на сериозна позитивна разлика. Ракометарите на Кристијан Грчевски на полувреме заминаа со позитива од плус шест гола разлика, 18:12.

Бутелци во второто полувреме не дозволија пад во играта, ги казнуваа грешките на противникот и веќе при резултат од 24:15 во 45. минута, јасно беше како ќе се одвиваат работите во последниот период од натпреварот, во кој шанса имаа ракометарите со помала минутажа. Во 55. минута црвен картон поради три исклучувања заработи ракометарот од Бутел, Стефан Стојчевиќ.

Најефикасен во победничката екипа беше Мирко Мајиќ со осум погодоци. Во составот на Струга главни стрелци беа Жарко Барјактаревиќ со осум и Петар Маркоски со пет погодоци.

Куп на Македонија, четвртфинални групи: 

Група А
ТИКВЕШ слободен
11/3, 19:00 часот, ЈУНИОР КВ – ВАРДАР (Круме Кепески)
12/3, 12:00 часот, ЈУНИОР КВ/ВАРДАР – ТИКВЕШ (Јане Сандански)

Група Б
БУТЕЛ – СКОПЈЕ 25-20
СТРУГА – АЕРОДРОМ 32-30
БУТЕЛ – СТРУГА 29:23

Група В
12/3, 13:00 часот, ДРАЧЕВО – ОХРИД (Боро Чурлевски)
12/3, 11:00 часот, АЛКАЛОИД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (Боро Чурлевски)
12/3, 19:30 часот, ДРАЧЕВО/ОХРИД – AЛКАЛОИД/ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (Боро Чурлевски)

Група Г
12/3, 18:30 часот, ПРОЛЕТ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 (Македонско Сонце)
12/3, 18:00 часот, ПРИЛЕП – ГОЛДЕН АРТ (Р.Р.Ричко)
??? ПРОЛЕТ/ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ПРИЛЕП/ГОЛДЕН АРТ