Охрид лесно го доби Драчево и закажа борба со Еурофарм Пелистер за Ф4

Екипата на Охрид лесно се справи со Драчево и во салата „Боро Чурлевски“ забележа убедлива победа од 41:27 со која обезбеди место во финалната пресметка за место на Ф4 против Еурофарм Пелистер.

Натпреварот започна со неколку промашени зицери на двете страни, Охрид поведе со двата брзи на гола Славчо Шулевски и Ивановски Мартин во третата минута. Драчево го постигна првиот гол четвртата минута.

Токму по тој гол на Драчево фаворитот започна да се „одлепува“ и да прави сериозна разлика. Со серија од 8:0 во која Драчево не постигна гол од 4. до 13. минута Охрид поведе со 10:1. Никита Стојановски пред средината на полувремето ја прекина црната серија на домаќините.

Во продолжение Охрид се „чуваше“ за финалето па само ја одржуваше високата предност, а на полувреме се замина со 21:11. Ништо не се промени ниту на стартот на вториот дел, па само беше прашње со која разлика Охриѓани ќе добијат натпреварот.

Најефикасне во редовите на Охрид беше Славчо Шулески со 11 постигнати гола, седум постигна Наум Костов, шест Никола Шипиковски, а по пет Ивановски Мартин и Николче Ристевски. Од тимот на Драчево се издвојвуваа Димитар Матовски со осум гола и Никита Стојановски со шест.

Еурофарм Пелистер претходно беше сигрен против лидерот во прволигашката конкуренција, Алкалоид, па битолскиот состав денес од 19:30 исто така во салата „Боро Чурлевски“ ќе игра за место на Ф4.