Бутел ја помина првата пречка во Купот, имаше лесна задача против Скопје

Бутел е првиот финалист во групата 2 од Купот од Македонија откако запиша сигурна победа против Скопје 2020 со резултат 25:20. Во утрешното финале од групата 2, кое е закажано со почеток од 18:00 часот во спортската сала Антон Димитров, Бутел ќе игра со подобриот од дуелот меѓу екипите на Струга и Аеродром.

Бутелци победата ја обезбедија уште во првото полувреме каде што ја покажаа својата моќ и доминација. Домаќините тргнаа фуриозно и со погодоците на Стојанов, Спасовски и Мајиќ, поведоа со 3:0 на самиот старт. Ракометарите на Скопје направија серија од 3:0, израмнија на 3:3 и тоа беше единствениот отпор од нивна страна против фаворизираниот домаќин.

До крајот на првото полувреме се зголемуваше разликата за избраниците на Кристијан Грчевски, кој реши шанса да им даде и на ракометарите со помала минутажа, кои целосно ја оправдаа довербата. Бутел по убедливата игра во првите 30. минути на пауза замина со водство од седум гола разлика, 18:11.

Домаќините во второто полувреме за само пет минути игра зголемија на 20:12. Тоа беше сосема доволно да имаат мирна завршница. Екипата на Скопје на моменти покажуваше добра игра, но не можеше ниту на следи, ниту пак да се надева на поблаг пораз бидејќи пред себе го имаше искусниот состав на Бутел.

Најефикасен во победничката екипа беше Мирко Мајиќ со седум погодоци. Во составот на Скопје со по четири погодоци се истакнаа Андреј Тркалевски, Кирил Пешкирски и Бојан Петрески.

Група А
ТИКВЕШ слободен
11/3, 19:00 часот, ЈУНИОР КВ – ВАРДАР (Круме Кепески)
12/3, 12:00 часот, ЈУНИОР КВ/ВАРДАР – ТИКВЕШ (Јане Сандански)

Група Б
БУТЕЛ – СКОПЈЕ 25-20
11/3, 12:00 часот, СТРУГА – АЕРОДРОМ (Антон Димитров)
11/3, 18:00 часот, БУТЕЛ/СКОПЈЕ – СТРУГА/АЕРОДРОМ (Антон Димитров)

Група В
12/3, 13:00 часот, ДРАЧЕВО – ОХРИД (Боро Чурлевски)
12/3, 11:00 часот, АЛКАЛОИД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (Боро Чурлевски)
12/3, 19:30 часот, ДРАЧЕВО/ОХРИД – AЛКАЛОИД/ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (Боро Чурлевски)

Група Г
12/3, 18:30 часот, ПРОЛЕТ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 (Македонско Сонце)
12/3, 18:00 часот, ПРИЛЕП – ГОЛДЕН АРТ (Р.Р.Ричко)
??? ПРОЛЕТ/ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ПРИЛЕП/ГОЛДЕН АРТ