Вардар лесно го мина Јуниор КВ, за Ф4 ќе се бори со Тиквеш

Ракометарите на Вардар имаа лесна задача во натпреварот од четврфиналната група во Купот на Македонија и без никакви проблеми го совлада тимот на Јуниор Кисела Вода на гостински терен со 23:40.

Вардарци целосно домнираа на овој дуел, отворија со 0:5 и сигурно го водеа натпреварот кон победа. Уште на полувремето сите дилеми околку победникот беа решени кога Вардар имаше предност од 9:21.

Второто полувреме беше формалност, Јуниор КВ немаше сили за посилен отпор и забележа висок пораз. Со овој триумд Вардар обезбеди пласман во финалниот меч од четвртфиналната група каде што ќе се сретне со Тиквеш во дуел за пласман на фајнал-форот.

Најефикасен во дресот на Вардар беше Јан Чувара со осум гола, а последното засилување на црвено-црните, Костадин Петров постигна шест гола. Во екипата на Јуниор КВ најефикасни со по пет гола беа Кристијан Никоовски и Филип Петровски.

Куп на Македонија, четвртфинални групи: 

Група А
ТИКВЕШ слободен
ЈУНИОР КВ – ВАРДАР 23:40
12/3, 12:00 часот, ВАРДАР – ТИКВЕШ (Јане Сандански)

Група Б
БУТЕЛ – СКОПЈЕ 25-20
СТРУГА – АЕРОДРОМ 32-30
БУТЕЛ – СТРУГА 29:23

Група В
12/3, 13:00 часот, ДРАЧЕВО – ОХРИД (Боро Чурлевски)
12/3, 11:00 часот, АЛКАЛОИД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (Боро Чурлевски)
12/3, 19:30 часот, ДРАЧЕВО/ОХРИД – AЛКАЛОИД/ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (Боро Чурлевски)

Група Г
12/3, 18:30 часот, ПРОЛЕТ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 (Македонско Сонце)
12/3, 18:00 часот, ПРИЛЕП – ГОЛДЕН АРТ (Р.Р.Ричко)
??? ПРОЛЕТ/ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ПРИЛЕП/ГОЛДЕН АРТ