Му даде 13 гола на Вардар и стана МВП на колото во Лигата на шампионите

Вардар беше на чекор до голем резултат против Нант, но на крајот францускиот тим славеше со 33-32, благодарение на голот од пенал на Ноам Леополд во последните секунди.

Швајцарскиот репрезентативец беше нерешлива енигма за вардаровата одбрана и одигра фантастичен натпревар.

Одличното издание на Леополд не остана незабележано ниту од ЕХФ. Швајцарецот беше избран за МВП на второто коло од Лигата на шампионите, откако во првите две средби од сезоната постигна вкупно 19 гола.

Леополд постигна дури 13 гола од 16 обиди против Вардар, а покрај одличната реализација од игра, беше безгрешен и од линијата за седум метри. Токму тој го реализираше последниот пенал за Нант, со кој гостите стигнаа до победата во Скопје.