Претседателот на РФМ навива во „Таурон Арена“ (ФОТО)

Македонија го игра вториот натпревар на Мундијалот во Полска и Шведска, а ривал е селекцијата на Холандија.

„Таурон Арена“ во Краков е полна со македонски навивачи, а меѓу нив се и челниците на раководството на РФМ.

Тука се генералниот секретар Филип Милошевски, како и претседателот Живко Мукаетов.

Македонија во првото коло загуби од силната селекција на Норвешка, а во третото коло ја чека пресметка со Аргентина на 18 јануари.