ПРЕСИНГ: Mакедонија победи, пласманот како лекција за поставување на работите на вистинското место

Од друга страна, што се однесува до некои играчи од нашата зона и ниваната (не) подготвеност, во иднина треба да се биде искрен кон себе, кон другарите од тимот, кон државата и да не се прифаќа покана за настап за националниот тим на голем настан, што се потврди уште еднаш на вчерашниот натпревар, каде нашата зона овозможи многу продори и примени топки на „црта“ на централните позиции.

Македонскиот национален тим, како што очекувавме (и како што најавив во мојата претходна колумна), со победа над Јужна Кореја го поправи впечатокот стекнат со резултатите и играта во првата фаза од СП во Полска и Шведска. Вторпат на последните натпревари, на кои успеавме да победиме, одбраната, техничките грешки на противникот (особено на стартот на натпреварот) и Мартин Томовски ја покрија безидејноста (или неисполнување на зададените задачи од стручниот штаб), индивидуалната игра и обидите за самопромоција на одредени играчи во тимот.

Норвешка наивно изреагира и ја остави Шпанија да ја „пече“ во продолженија. Германија не успеа да ја валоризира одличната партија на Волф во првиот дел на натпреварот, правејќи многу технички грешки. Данска како „брз воз“ преку Унгарија, а Шведска и без Готфридсон го „скокна“ Египет за велз во борба за медалите.

Добредојдовте во мојата колумна ПРЕСИНГ, која за време на СП во Полска и Шведска   „се емитува“ на специјализираниот портал, 24 Ракомет

Натпревар го стартувавме, со стандардна 6-0 зона, со една измена, каде што младиот Марко Стојковиќ играше „во два правци“ со цел нашиот тим да има една измена во однос напад-одбрана, а имајќи предвид стилот и начинот на кој делува Јужна Кореја, а тоа е „страшна“ транзиција. Во таа констелација, Талески, иако не е многу прифатливо (имајќи предвид зоната на противникот), сепак е принудно решение на позиција лев бек, од аспект дека заедно со Стојковиќ беа нашите централни бранители. Игор Ѓорѓиев повторно беше стартер, на позиција среден бек, со задача да ја организира играта на нашиот тим. Атанасијевиќ и Костески беа очекувани решенија на крилните позиции, имајќи предвид значењето на натпреварот (но и најавата за повеќе минути за младите во тимот).

БЕЗ „АКТИВНИ“ ИГРАЧИ ОД ПРЕДНА ЛИНИЈА, МАКЕДОНИЈА ТЕШКО ИЗЛЕГУВАШЕ НА КРАЈ СО ПОСТАВЕНАТА ЗОНА НА ПРОТИВНИКОТ

Иако ја очекувавме, можеби да биде и подлабока, зоната на Јужна Кореја, создаваше проблеми за нашите играчи и со ретки исклучоци и блесоци на одредени играчи тешко доаѓаше до реализација на поставен напад. Во мојата претходна колумна, нафрлив неколку работи за тоа како може да се „разбие“ зоната на нашиот вчерашен противник, дека крилата се важни да ја „реметат“ зоната, но сепак најважен во овој случај е нашиот кружен напаѓач, кој треба да ја има улогата на четврти бек, да излегува длабоко, да овозможи проток и кога противникот длабоко антиципира и залет за нашите бекови. Стојковиќ играше кратко, имаше една две ситуации кои беа во ред, и по антропологија е адекватен за тој на чин на игра. Сепак, поради повреда на скочниот зглоб, не можеме да ја отцениме неговата игра и улога на вчерашниот натпревар. Во останатиот дел од натпреварот, менувајќи многу играчи на бековските позиции, со Костадин Петров на пивотменска позиција, Македонија не успеа во континуитет да ја реши зоната на начин на кој требаше или ако сакате мораше. Џонов го наследи Ѓорѓиев и се чини во мометов е покомплетен како играч, Кузмановски го наследи Талески на лев бек, како правилен потег и на тој начин, ако ништо друго во ситуација кога нашата одбрана излегуваше како победник во однос на противникот, имавме транзиција на храбри и решителни играчи кои (се повторувам по стотти пат) индивидуално ги решаваа ситуациите. Во овој сегмент од играта треба да се спомене нешто што многу пати го повторувавме на оваа но и на претходните големи смотри, во ситуација на исклучен Иван Џонов, заборавен Ѓорѓиев на клупата, Македонија играше повторно со Кузмановски и Талески на бековски позиции, што доведе повторно Серафимов и Талески, индивидуално да решаваат и притоа да прават грешки. Да ја нотираме 59 минута како момент кога за првпат нашите пивот излегоа од својата природна позиција, комбинирајќи со нашите бекови на 9.5-10 метри и користејќи го празниот простор на најдобар начин. Краен резулатат од  сето тоа, Петров го решава натпреварот.

Мој впечаток е дека некои играчи, размислувајќи за својата иднина на клупски план, премногу „солираат“ промовирајќи се себеси пред остатокот од тимот, што на  крајот на денот никому и никогаш не му донело добри резултати.

ВО ИДНИНА НЕКОИ ИГРАЧИ ТРЕБА ДА БИДАТ ИСКРЕНИ СПРЕМА СЕБЕ, ДРУГАРИТЕ, ДРЖАВАТА КОГА ПРИФАЌААТ ПОВИК ЗА НАЦИОНАЛНИОТ ТИМ

Нашата одбранбена зона, очекувано 6-0 во одредени сегменти делуваше малку незаинтересирано, но и тромо во однос на брзите ракометари од Јужна Кореја. Како и во минатото, Кореја, уште еднаш промовираше одлично решение на позиција кружен напаѓач, а нивната игра во многу зависи и се базира на таа позиција. Така беше и вчера, нашите играчи на позиција 2 до 5 немаа решение за пивотот на нашиот противник, кој демонстрираше врвна шутерска техника и чувство за движење во простор. Од друга страна, што се однесува до некои играчи од нашата зона и ниваната (не) подготвеност, во иднина треба да се биде искрен кон себе, кон другарите од тимот, кон државата и да не се прифаќа покана за настап за националниот тим на голем настан, што се потврди уште еднаш на вчерашниот натпревар, каде нашата зона овозможи многу продори и примени топки на „црта“ на централните позиции. Зачудува (не)довербата кон Младеновиќ, кој во натпреварот беше внесен, можеби малку предоцна, имајќи предвид дека се работи за подвижен и релативно силен ракометар, кој е адекватен на тоа што Кореја вчера го имаше како напаѓачки арсенал,

Останува впечатокот дека Македонија, имаше шанса и требаше да го реши натпреварот во вториот дел од првото полувреме, но поради лошата транзиција во полуконтра на Талески, а имајќи искуството очекувано голем број контранапади одеа на таа страна, не успеавме да направиме комотна (и повеќе од тоа) предност. Напротив, противникот ја „стопи“ разликата и создаде психлошка предност.

КОСТЕСКИ И АТАНАСИЈЕВИЌ КАКО ПОЗИТИВНИ ПРИКАЗНИ НА ОВА ПРВЕНСТВО

Да ја потенцираме солидната (можеби и повеќе од тоа) игра на Петар Атанасијевиќ и Ненад Костески, како иднина на нашиот национален тим на тие позиции, со напомена дека првиот мора да најде начин да биде употреблив на позиција пет и како преден играч на 5-1, како домашна задача за понатаму. Штета за Павле Атанасијевиќ, кој рано се повреди, во ситуација кога заедно со неговиот брат Петар, без разлика на нивните моментални квалитети и искуство, покажаа „петља“ и борбеност каква треба да го краси овој тим.

Македонија победи и вредно е да се спомене тоа, на моменти демонстрирајќи ја играта која треба да не краси во иднина, но во моемтов сето тоа е премалку за тоа каде сакаме (или можеме) да бидеме. Во вториот круг. Ракометна Македонија никогаш претходно не направила и нешто повеќе.

„НА ЗАПАДОТ НИШТО НОВО“ – ИСТИТЕ СЕЛЕКЦИИ КАКО НА ПРЕТХОДНИТЕ ГОЛЕМИ СМОТРИ ВО БОРБА ЗА МЕДАЛИТЕ

Норвешка, „здрава“ како никогаш претходно, кадарна и решителна да влезе во борба за медалите, наивно, во последните секунди од натпреварот против Шпанија ја предаде топката и го однесе истиот во продолженија. Ќе се осудам кажам дека Норвешка во моментов е подобар тим, физички далеку поконкурентен, но исто така нивната филозофија на решавање на работите според шема, без да се бара решение во однос на мометалната ситуација, има се „удри од глава“, оставајќи ги Шпанците „мангупски“, со „влечкање“ по терен да ги решаваат работите во својка полза.

Германија и покрај поразот е позитивна приказна на ова СП и репрезенатција која не го има достигнато зенитот. Останува впечатокот дека, против оваа Франција, требаше и мораше врз основа на перформансот на Волф во првиот дел да направи поголема разлика, за да може да се надева на позитивен резлутат. Вака, квалитетот, искуството на „експертите“ и дебитантот на голот на „експертите“ ја „изедоа“ Греманија и повторно се во борба за златото.

Данска ја „прегази’ Унгарија, која вложува многу во ракометот, но слично како и на клубски план, нема големи резултати. Данска играше во првиот термин, брзо го реши натпреварот, ротираше и има предност во однос на тој сегмент над Шпанија и Франција.

Шведска, очекувано го доби Египет, но го загуби Готфридсон и од тоа во многу ќе зависи нивната игра, особено кога треба да се решаваат натпреварите. Да го нотираме младиот Хасан Када, 22-годишен лев бек, висок 205 см, освојувач на златен медал со Египет на мундијалот во Македонија, играч кој го одржуваше Египет (колку толку) во игра за позитивен резултат и играч кој (ќе) има што да каже на светската сцена. Поради неговата неконкурентност во одбрана, Али Зеин беше доминантно на таа позиција, што е вистинска штета имајќи предвид талентот на младиот Када.

Трет голем настан по ред во полуфиналето ќе играат истите четири репрезенатции. КОлку тоа може да биде добро за еден спорт, не знаме. Во ситуација кога ИХФ е „лош менаџер“ изнендувањата на големите смотри се тие кои го подигаат вниманието на пошироката јавност….а кога ги нема….

Горан Ѓоргоноски,

Поранешен ракометен репрезентативец и основач и носител на проектот Ракомет За Секое Дете