Прволигашката пресметка меѓу Јехона и Кичево ја добија гостиварци

Покрај суперлигашите, и прволигашките тимови веќе започнаа со играње на пријателски натпревари пред стартот на новата сезона.

Во Гостивар вечерва се одигра натпревар меѓу Јехона и Кичево, а победата остана за домашниот тим кој славеше со 36-32.

На полувреме избраниците на Фари Селмани водеа со плус пет, 19-14. На гостинскиот гол одлична партија имаше голманот Данилоски, кој спречи повисок пораз.

Кичевци по десетина години, повторно имаат тим во машка сениорска конкуренција и ќе се обидат да го вратат ракометот на старите патеки во овој град.

Првата лига би требало да започне на 19/20 септември.