„Македонија го положи испитот, убеден сум дека може да организира групна фаза на ЕП во машка конкуренција“

Македонија заедно со Словенија и Црна Гора се ко-организатори на Европското првенство 2022 во женска конкуренција. Иако континенталниот собир кој започна на 4 ноември, ќе заврши на 20 ноември, трите домаќини во домаќинската улога се покажаа на високо ниво.

ПофалбA за организираноста во Скопје, пристигна од првиот човек на Европската ракометна федерација (ЕХФ), Михаел Видерер, кој ги следеше вчерашните дуели од главната фаза во СЦ ,,Борис Трајковски”.

Видерер истакна дека Македонија успешно го положила организацискиот испит, кој ветува дека може и во иднина да организира натпревари од големите натпреварувања и да биде домаќин и на некој шампионат во машка конкуренција.

,,Јас сум многу задоволен како се одвива шампионатот во сите три земји. Мислам дека Македонија го положи испитот и тука на секој чекор ја чувствувам пасијата на луѓето за ракометот. Така е со децении. Нема премногу гледачи во Скопје за натпреварите во главната групна фаза, но тоа е очигледно, со оглед на тоа што не настапува домашната репрезентација. Морам да ја пофалам работата на федерацијата, комуникацијата со претседателот, растот на инфраструктурата во Македонија. Пред многу години тука во Скопје ги немаше овие објекти. Убеден сум дека и во иднина Македонија ќе може да организира групна фаза на Европско првенство во машка конкуренција”, изјави Видерер.

Покрај Видерер, во Скопје се генералниот секретер на ЕХФ, Мартин Хауслајтнер, како и членовите на Извршниот Комитет, Србинот Божидар Ѓурковиќ, Унгарката Габриела Хорват…

Скопје беше домаќин на група од прелиминарната рунда, во тек е главната рунда во главниот град на Македонија, додека завршниот викенд од ЕП ќе биде во „Стожице“ во Љубљана.

Првиот човек на европскиот ракомет е во Скопје (ФОТО)