Првиот човек на европскиот ракомет е во Скопје (ФОТО)

Претседателот на Европската ракометна федерација, Михаел Видерер, допатува во Скопје.

Видерер ги следеше натпреварите од првото коло во главната рунда на континенталниот собир меѓу Холандија и Германија, односно Романија и Шпанија.

Покрај Видерер, во Скопје се генералниот секретер на ЕХФ, Мартин Хауслајтнер, како и членовите на Извршниот Комитет, Србинот Божидар Ѓурковиќ, Унгарката Габриела Хорват…

Скопје беше домаќин на група од прелиминарната рунда, во тек е главната рунда во главниот град на Македонија, додека завршниот викенд од ЕП ќе биде во „Стожице“ во Љубљана.