Прволигашите бараат од РФМ: Нова распределба на ваучерите или ќе има бојкот на лигата!

Во приговорот што е испратен до РФМ, клубовите од Првата лига и од Женска лига бараат во текот на неделава овој проблем да биде решен, бараат итен состанок со претствници на РФМ и директорот на АМС. Во спротивно ќе се бојкотира Првата машка и Женската лига.

Објавувањето на листата со висината на спортските ваучери од страна на Агенцијата за млади и спорт предизвика многу незадоволство кај голем дел од ракометните клубови. Сите се согласни дека наместо зголемување на ваучерите, сега тие се намалени, а згора на се никој не го знае начинот на рангирање на клубовите и по кој основ некој клуб добил повеќе, а најчесто помалку пари.

Рангирањето на клубовите го врши секоја федерација, во овој случај Ракометната Федерација на Македонија која листата на клубовите ја доставило до АМС, но притоа не го објави јавно рангирањето. Клубовите сметаат дека е направена лоша распределба на ваучерот, и дека некои клубови се привилегирани и добиле повеќе, а некои помалку. АМС во предвид ги зема листите што ги доставува федерацијата, односно РФМ и може да интервенира доколку смета дека некаде е направен превид или лошо рангирање. Но, целосното рангирање е во надлежност на федерацијата, односно РФМ.

Дел од клубовите веднаш по објавување на листата го подигнаа гласот сметајќи дека рангирањето врз основа на која се врши распределбата на ваучерите е неправилна. Сега клубовите организирано, веќе подготвија приговор до РФМ во кој бараат „да се поништат листите и да се направи нова и реална распределба или корекција на клубовите. Бараат да има минимална сума од по 600.000 денари во машката и женска лига“.

„Сведоци сме како одредени клубови со сличен ранг во последните две сезони имаат огромна разлика во висина на сумите што сметаме дека е апсолутно неправедно“, се вели во заедничкиот приговор на клубовите испратен до РФМ.

Во приговорот што е испратен до РФМ, клубовите бараат во текот на неделава овој проблем да биде решен, бараат итен состанок со претствници на РФМ и директорот на АМС. Во спротивно ќе се бојкотира Првата машка и Женска лига.

„Оваа година покрај оваа голема криза средствата од непознати причини се значително намалени и можат да го доведат во прашање нашето понатамошно опстојување. Сметаме дека распределбата е апсолутно неправедно направена голем дел од клубовите се скратени а некој фаворизирани, со оглед на нашите постигнати успеси и освоени бодови, и дека мора да се обрне внимание и на нас и да добиеме и подобра финансиска подршка како сите би биле еднакви во правото и ние некогаш да бидеме први“

„Сите ние работиме за доброто на спортот конкретно за доброто на ракометот, работиме и со младински категории и се чувствуваме понижено кога нашата долгогодишна работа се оценува на толку ниско ниво. За да функционира еден колективен спорт без проблеми треба да има минимум средства кои се неопходни за да може да функционираме“

„Со овие добиени средства најголем дел од нас клубовите неможат да ги платат основните работи како термини во сала и превоз за натпревари а никако неможе да стане збор за плаќање судии, опрема, плати или стипендии за играчите. На овој начин наместо нашите екипи да останат стабилни и подобри, ќе ги губат своите играчи и во најлош случај може да дојде до затворање на клубовите, пишува во заедничкиот приговор на клубовите од РФМ.

Дел од женските клубови најавуваат бојкот на првенството поради ваучерите!

„Кого правите будали со ваучерите, кој и да одлучувал за нив – ја погрешил терапијата!“

АМС додели ваучери: Повеќето клубови и РФМ добија помалку од лани (ФОТО)