По Фернандез, Висла Плоцк ќе и „украде“ уште еден играч на Барса

Шпанецот Давид Фернандез ќе биде нов играч на Висла Плоцк и треба да му се приклучи на тимот од сезоната 2020/2021.

Полскиот тим имаше конкуренција за потписот на Фернандез во каталонскиот гигант Барселона, но тој се реши за преселба во Плоцк.

Покрај Фернандез, се чини дека уште еден играч што е дел од Барса, ќе се пресели во полскиот тим. Станува збор за пивотменот Абел Сердио, кој во конкуренција на Сорендо и Фабрегас нема голема минутажа.

Освен двајцата Шпанци, во Висла доаѓа и Мирсад Терзиќ од Веспрем, а полскиот репрезентативец Микал Олејничак исто така е на радарот на Висла.

Од екипата заминува Жига Млакар, кој потпиша договор на две години со хрватскиот првак Загреб.