По одличните игри сезонава: Костески го продолжи договорот со австрискиот Линц

Македонскиот интернационалец Никола Костески и следната сезона ќе ја мине во австриското првенство.

По одличните изданија оваа сезона, раководството на Линц му понуди нова соработка, а десното крило од Струга ја прифати.

Костески беше најдобар стрелец на Линц и меѓу најдобрите во целата австриска лига до прекинот на натпреварите поради коронавирусот.

Тој потекнува од тимот на Струга, беше дел од Металург, а во интернационалната кариера настапуваше за турската Селка и словачкиот Татран Прешов.