Поширокиот список станa уште поширок – дури 35 играчи ќе се пријавуваат за квалификации и за ЕП!

Светската ракометна федерација пред првото Светско првенство што ќе се игра со 32 репрезентации, донесе неколку одлуки што се однесуваат на бројот на играчи во ростерот за натпревари и пошироки листи на националните тимови.

На Мундијалот, за кој Македонија се уште нема обезбедено место, но се надева на вајлд-карта, во ростерот репрезентациите наместо по 16 ќе имаат по 18 ракометари, а на поширокиот список претходно, кој ќе се пријавува два месеци пред СП, наместо досегашните 28, ќе мора да има 35 ракометари.

ЕХФ ја следи праксата на ЕХФ и пред ждрепката за квалификациите за Европското првенство 2022 во Унгарија и Словачка, донесе одлука бројот на играчи на поширокиот список (и пред квалификациите и пред ЕП) да биде 35. Европската куќа на ракометот не најави дали како и на СП ќе бидат можни пет замени наместо досегашните три.

Селекторот Данило Брестовац ќе има проблем во составувањето на списокот со оглед на тоа што години наназад, едвај се составуваа списоци од 28, а камоли па за 35. Најчесто 20 играчи се тие што конкурираат за националниот дрес, а другите само пополнуваат место.

Македонија ќе биде дел од квалификациите за Европското првенство 2022 година, а ждрепката ќе се одржи на 16 јуни во 17:00 часот.