ЕП 2020: Почнува трката по женскиот европскиот трон

Денеска со натпреварот меѓу Романија и Германија ќе започне Европското првенство во Данска, кое беше во неизвесност до последен момент. Претходно Норвешка се откажа од улогата на коорганизтор поради строгите ковид правила.

Ќе се игра во два дански града – Колдинг и Хернинг. Сите селекции доаѓаат ослабени не толку многу поради повреди на ракометарките, туку поради многубројните позитивни тестови, дел кај самите играчи, дел во клубовите каде што настапуваат.

Ослабената Русија без Вјахирева и Сен, не е фаворит за злато, но секогаш може да изненади. Норвежанките ќе ги имаат на располагање скоро сите ѕвезди и може да се надеваат на највисок пласман. Тука се светскиот првак Холандија, вицепрвакот Шпанија, европскиот шампион Франција, организаторот Данска…

Од втор план шансата ќе ја чекаат Србија, Црна Гора, Романија, можеби Шведска, Унгарија…

Денеска на програмата, ЕП: 

18:00 Романија – Германија
18:15 Русија – Шпанија
20:30 Норвешка – Полска
20:30 Шведска – Чешка