Атракција „а ла Кондев“ – еве зошто е МВП на колото (ВИДЕО)

Тиквеш во вечерашниот дуел против Охрид триумфираше со 28:24 и освои важни бодови во борбата за излез на европска сцена.

Ракометарот на Тиквеш, Дарко Кондев, кој го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 2 коло од плеј-оф/аут во Супер машката лига, повторно имаше одлична партија.

Младиот ракометар во дуелот со Охрид постигна атрактивен гол од контра и со шрауба во скок го совлада портивничкиот голман.

За потсетување, Кондев на терените се врати на почетокот на плеј-оф фазата, откако го пропушти регуларниот дел од сезоната поради повреда на рамото.

Симиќ прослави 100 гола во лигата, а Тиквеш го доби дербито во Кавадарци