Португалците во проблеми – по Фраде и Портела, остануваат и без Гомеш за ЕП!

Португалскиот селектор Пауло Переира се соочува со големи проблеми пред стартот на Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Од претходно беше познато дека Луиш Фраде и Педро Портела поради повреди ќе го пропуштат континенталниот собир, а сега стигна уште една лоша вест.

Многу веројатно надвор од комбинација останува и левиот бек Андре Гомеш, кој има повреда на стапалото, пишува португалскиот „О Жого“.

Исто така на ЕП нема да може да игра ниту десниот бек Диого Силва. Португалија е во група со домаќинот Унгарија, Холандија и Исланд.