Поранешен тренер на Вардар доби отказ во Данска

По три и пол години на клупата на данскиот Одензе, некогашниот советник во Вардар, кој практично никогаш не седеше на „црвено-црната“ клупа, но делеше совети од позадина – Јан Питлик, доби отказ.

За славниот тренер кој со националниот тим на Данска беше двократен олимписки и еднаш европски шампион, пресуден беше поразот на Одензе во финалето на Купот од Икаст.

Ова беше трет пораз во финале за тимот откако Питлик е на клупата, а на полувреме неговите избранички губеа со 11 голови разлика.

Во Одензе играат ракометарки од типот на Тес Вестер, Нике Грот, Стине Јоргенсен и Натали Хагман, но ниту тие не му беа доволни на Питлик да донесе барем една титула.