Поради коронавирусот ќе игра уште една сезона

Данскиот ветеран Михаел Кнудсен иако требаше да се пензионира на крајот на сезонава, размислува да ја продолжи кариерата уште една година.

Во моментов 41 годишниот играч е член на Силкеборг, кој најверојатно ќе ја продолжи својата кариера откако првенството на Данска беше прекинато поради коронавирусот, а тој сè уште има желба да игра.

Бев убеден дека ова е моја последна сезона. Но, толку многу работи се случија за толку кратко време. Сè уште имам желба да играм, ќе се обидам да ја задржам формата и да ја одиграм сезоната 2020/21.“, рече Мајкл Кнудсен.

Во својата богата кариера Михаел Кнудсен со репрезентациајта на Данска има освоени пет медали на европските првенства, меѓу нив еден златен на шампионатот во Норвешка во 2008 година. Исто така има одличја и од светските првенства, бронзен медал во 2007 во Германија и сребрен од првенството во Шведска од 2011 година.