Поради болната мајка се врати дома: Нора Мерк потпиша за норвешкиот Кристијансанд

Норвешкиот десен бек Нора Мерк, која одигра само 31 минута за романскиот ЧСМ Букурешт во цела сезона, се врати во татковината.

Таа го раскина договорот со ЧСМ Букурешт, а следниот ден веднаш потпиша со норвешкиот првак Вајперс Кристијансанд, бидејќи сакаше да биде блиску до дома, односно до нејзината болна мајка.

Мерк оваа пролет направи десетта операција на коленото и не е јасно дали ќе биде подготвена за стартот на новата сезона.

По настапите за Ларвик, Ѓер и ЧСМ Букурешт, десниот бек сега повторно ќе игра во Лигата на шампионите.