ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Еурофарм Пелистер без Радовиќ и Маџовски против Татабања

Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска ќе имаат обид за да се изборат за нови бодови во Лигата на Европа, а Татабања е шанса за втор триумф и врзување на две победи по ред.

После победата против Аек сега е на ред да се оди на нова победа, а на домашен терен секако ќе се направи сè за да се успее во тоа. Денеска Еурофарм Пелистер секако ќе влезе со мала предност за да се дојде до бодови.

Нема да биде воопшто лесно, но јасно е дека ќе треба да се даде максимумот на терен бидејќи и гостите не се воопшто слаб ривал туку ќе бидат противник кој ќе донесе шанса за максимално надигрување.

Стратегот Жељко Бабиќ нема да смета на Бојан Маџовски и Мирко Радовиќ поради повреди, а во ростерот ќе биде левиот бек Дејан Кукуловски.