Помина 24 дена во карантин поради еден репрезентативен собир

Легендарниот Матс Олсон кој е тренер на голманите во репрезентацијата на Шведска и женската репрезентација на Норвешка ќе помине 24 дена во карантин за седум дена на работа.

Олсон живее во Сантандер, Шпанија а откако репрезентативките на Норвешка имаа собир од 1 до 7 јуни тој мораше да замине во Осло уште на 21 мај за да биде десет дена во карантин. После собирот тој повторно се врати во Шпанија каде што мора повторно да биде во 14 дневен карантин.

„Седев во карантин во Шпанија од 14 март откатко земјата беше затворена. Сите моравме да го правиме тоа. Ме чека нов карантин од 14 дена по враќањето од Норвешка. Ќе имам време да поправам некои работи по дома“, рече Олсон.

Матс Олсон е Светски и Европски првак со Шведска, а исто така освојувач и на шампионската титула во Лигата на шампионите како голман.