Полјаците бараат нова суспензија за Душебаев

Екипата на Келце славеше убедлива победа со 20:31 на гостувањето кај Хробри во дуел од 23. коло од првенството на Полска. Сепак овој меч не помина без инцидент во кој учествуваше се понервозниот Талант Душебаев.

После натрпеварот помеѓу Хробри и Келце голманот на домаќините Рафал Стахера заврши во болница. Владислав Кулеш го погоди голманот со топка во глава што беше причина Стахера да биде надвор од терените две недели.

Веднаш после инцидентот дојде до конфликт помеѓу тренерот на Келце – Талант Душеваев, тренерот на Хробри – Витали Нат и домашните играчи. Душебаев ги навредуваше противничките играчи за што противниците бараат да биде казнет. Сепак после натпреварот Талант се извинил на противниците и тренерот.

„Ние се спротивставуваме на однесувањето на тренерот на Келце, Талант Душебаев кон нашиот тренер Виталиј Нат и играчите на клубот. Агресијата и вербалниот напад на Душебаев е нешто невидено и неприфатливо на спортските терени. Ве повикуваме да преземете соодветни мерки за спречување на вакво неприфатливо однесување во иднина“, се вели во соопштението на Чробри.

Талант Душебаев во последниот период тешко ги контролира своите реакции и веќе беше суспендиран на шест натпревари на крјаот на март.

Душебаев пак загуби контрола, ги навредуваше играчите и тренерите на противникот