Душебаев пак загуби контрола, ги навредуваше играчите и тренерите на противникот

Тренерот на Келце, Талант Душебаев уште еднаш се најде во инцидентна ситуација во првенството на Полска откако влезе во дуел со противничките ракометари при вербална расправија при што беше обвинет дека упатил навредливи зборови.

На средбата против Хробри, при еден шут на Кулеш настрата голманот на противникот Стахера, кој се жалеше на болки во главата. Тренерот Душебаев при таа ситуација реагираше бурно и влезе во дуел со играчите и стручниот штаб на противникот.

После натпреварот откако се смирија страстите дојде до опуштање, но очигледно беше кренато премногу прав.

„Веќе му се извинив на ракометарот на Хробри. Никому не му посакувам лошо. За среќа во оваа ситуација немаше сериозни повреди. Познато е дека сум импулсивен и дека реагирам многу поемотивно од другите. Неколку околности придонесоа за зголемување на интензитетот. Прво, јас бев незадоволен од прикажаната игра на мојот тим, а имаше и поплаки од противничкиот тим за одлуките на судиите. Секој се обидува да се бори за своето, но во секој случај не смеете да ги гледате работите така еднострано“, вели тренерот на Келце, Талант Душебаев.

Дека имало ивинување потврдува и ракометарот на Хробри, Рафал Стахера.

„Однесувањето за време на натпреварот беше шокантно, вугларно и воопшто не наликува на тренер со такво реноме. Сепак, подоцна тој во телефонски разговор се извини за она што го направи на натпреварот“, потврди Стахера.

Ова не му е првпат на Душебаев да реагира вака. Очигледно има премногу нервоза кај него после неуспехот кој го доживува во Лигата на шампионите во последните сезони, па на ваков начин се бара начин да се ослободи од стресот и да го симнет товарот кој го носи.