Познат составот на „фараоните“ – Парондо одбра за СП

Селекторот на Египет, Роберто Гарсија Парондо, го објави составот на селекцијата на Египет за Светското првенство во Полска и Шведска.

Тој ќе смета на 19 ракометари, а на списокот го нема екс голманот на Еурофарм Пелистер, Карим Хендави, иако има најави дека тој ќе му се приклучи на тимот пред Мундијалот.

Го нема ниту повредениот десен бек од Веспрем, Јахја Омар, додека нема да има капитен на Ахмед Ел Ахмар.

Сепак тука се Ел Тајар, Али Зин, Јахја Ел Дера, Мохамед Санад, Мохамед Мамду, па јасно е дека „фараоните“ ќе бидат тежок ривал дури и за најсилните на СП.

Египет ќе игра во група со Хрватска, САД и Мароко во шведскиот град, а веќе во првото коло ќе се соочи со „коцестите“.