Познат составот за првиот меч на ЕП: Без Серафимов и Крстевски против Украина

Селекторот Данило Брестовац го одбра составот за првиот натпревар на Европското првенство против Украина.

Меѓу 16-те играчи што ќе настапат против Украина нема да бидат средниот бек Горан Крстевски и десниот бек Мартин Серафимов.

Натпреварот меѓу Македонија и Украина се игра утревечер во „Штадхале“ со почеток во 20:30 часот, а во првата средба ќе се сретнат домаќинот Австрија и Чешка.