Познат распоредот на натпреварите по групи во Првата лига (ФОТО)

Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија без извлечени групите за новата сезона во Првата лига. Ќе играат вкупно 16 екипи, поделени во две групи по осум и ќе одиграат регуларен дел со 14 кола.

По завршување на регуларниот дел од првенството се формираат плеј-оф и плеј-аут групи составени од по осум екипи.

Главни фаворити за место во бараж се Аеродром од групата А и Вардар Неготино од групата Б, но скопјани добија релативно полесен пат отколку неготинци.

Екипите од 1 до 4 место од група А и група Б ќе ја формираат плеј-оф групата од осум екипи. Екипите од 5 до 8 место од група А и група Б ќе ја формираат плеј-аут групата од осум екипи. Победникот во Првата Машка Лига ќе игра еден бараж натпревар со второпласираната екипа во плеј-аутот во Суперлигата.