Познато е кога Лазаров и Манасков ќе се судрат во битка за Ф4

Македонија сигурно ќе има еден претставник на завршницата во Лигата на шампионите во Келн.

Тоа ќе биде или Кире Лазаров со францускиот Нант или Дејан Манасков со унгарскиот Веспрем.

Овие два тима ќе се соочат во четвртфиналето од елитното натпреварување во натпреварите што ќе се играат на 13 и 20 мај, откако денеска Европската ракометна федерација ги потврди термините за сите средби.

Во женска конкуренција, исто така Македонија има еден претставник во Сара Ристовска, која обезбеди место со руската ЦСКА Москва.

Лига на шампиони, четвртфинале:

12 мај
18:45, Брест – Барселона
20:45, Кил – ПСЖ

13 мај
18:45, Алборг – Фленсбург
20:45, Нант – Веспрем

19 мај
18:45, Фленсбург – Алборг
20:45, ПСЖ – Кил

20 мај
18:45, Веспрем – Нант
20:45, Барселона – Брест