Познати шест патници на СП 2023, Македонија ќе се бори за еден од останатите десет билети

Откако беа комплетирани натпреварите од главната рунда на Европското првенство, беа одредени и полуфиналните двојки, а беше познато и кој ќе игра во мечот за петтото место.

Европа ќе има 16 претставници на СП 2023 што ќе се игра во декември следната година во Данска, Шведска и Норвешка.

Со оглед на тоа што трите најдобри на ова ЕП 2022 (со ислучок на домаќините) обезбедуваат директен пласман, значи дека мундијалски билет веќе имаат Франција, Црна Гора и Холандија.

Останатите десет места ќе бидат пополнети преку бараж средбите, од кои дел ќе биде и Македонија. Нашата репрезентација заедно со сите други што завршија од 7 до 16 место на ЕП ќе биде дел од првиот шешир.

Во петок во „Стожице Арена“ во Љубљана ќе бидат одиграни мечот за петтото место и двете полуфинални средби, додека в сабота ќе биде ждрепката за бараж средбите за пласман на СП 2023 година.

ЕП 2022, финален викенд:

полуфинале 1, Данска – Црна Гора
полуфинале 2, Норвешка – Франција
меч за петто место, Холандија – Шведска

меч за трето место: Данска/Црна Гора – Норвешка/Франција
финале: Данска/Црна Гора – Норвешка/Франција

Квалификации за СП 2023, бараж 2, шешири:

шешир 1: Шпанија, Романија, Унгарија, Словенија, Хрватска, Германија, Србија, Полска, Македонија, Швајцарија
шешир 2: Чешка, Австрија, Словачка, Украина, Португалија, Косово, Исланд, Италија, Грција, Турција