ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Македонија без Младеновска брка втор триумф на СП

Селекторот Љубомир Савевски го одреди составот на Македонија за натпреварот од второто коло на Светското првенство за кадетки.

Во однос на првиот натпревар, има една промена во составот на македонската репрезентација за вечерашниот дуел против Узбекистан.

На местото на Ива Младеновска ќе биде ракометарката од Стружанка, Тијана Переска, која ќе го има дебитанскиот настап на кадетскиот Мундијал.

Натпреварот меѓу Македонија и Узбекистан ќе започне со почеток од 20:30 часот во СЦ „Борис Трајковски“.