ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Кбилашвили се врати, Металург ќе брка висока победа над Горење (ФОТО)

Металург денеска ќе  има тешка задача во реванш натпреварот од третото квалификациско коло на ЕХФ Купот да ја престигне големата негатива против словенечкиот Горење.

Тимот од Автокоманда не играше лошо на првиот меч, но една црна дупка во играта во вториот дел беше причина Горење да направи толку висока разлика, можеби и незаслужено.

Тренерот Зоран Кастратовиќ ќе може да смета и на грузискиот репрезентативец Иракли Кбилашвили, кој имаше проблеми со визата за престој и во Скопје се врати дури вчера.

Натпреварот меѓу Металург и Горење се игра од 18:00 часот во СЦ „Јане Сандански“, а влезот е слободен.