ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Алушовски одбра 16 вардарци кои ќе бркаат титула против Веспрем

Ракометарите на Вардар вечерва во 20:30 часот ќе го одиграат финалниот натпревар од Ф4 турнирот во регионалната СЕХА лига.

Тренерот Стевче Алушовски се одлучи денеска да настапи со истиот состав од мечот со Загреб, а тоа значи дека во ростерот ќе ги нема голманот Марко Кизиќ и пикерот Давид Гашовски.

Ривал во финалето е стариот познаник Веспрем, со кој досега Вардар има одиграно осум меча во оваа конкуренција.

Билансот е три победи за „црвено-црните“, три средби завршиле нерешено, а Веспрем има две победи.

Финале, СЕХА лига, состави:

Вардар

Ристовски, Кантегрел, Димитриоски, Дибиров, Чупиќ, Георгиевски, Калараш, Валчак, Јагуриновски, Векиќ, Вујин, Јотиќ, Гаџа, Талески, Мишевски, Дисингер.

Веспрем

Цупара, Коралес, Манасков, Штрлек, Маргуч, Шишкарев, Нилсон, Благотиншек, Мораес, Лигетвари, Борозан, Лекаи, Ненадиќ, Јахија, Тонесен, Македа