Познати полуфиналните двојки во ЛШ: Ристовска и ЦСКА Москва во лов на „змии“

Денеска во Унгарија беше извршена ждрепката за завршниот турнир во женското издание на Лигата на шампионите.

По подолго време и во Македонија со интерес ќе се следи собирот на најдобрите четири екипи во „Ласло Пап Арена“ на 29 и 30 мај.

Сара Ристовска ќе биде македонскиот претставник, а нејзиниот тим ЦСКА Москва во полуфиналето ќе се соочи со норвешкиот првак Кристијансанд или популарните „змии“.

Саатниците за натпреварите се веќе познати, 15:15 часот и 18:00 часот.

Лани не се играше завршниот турнир во женска конкуренција, а во сезоната 2018/19, титулата ја освои унгарскиот Ѓер.

Лига на шампиони, Ф4, полуфинале:

Ѓер – Брест
Кристијансанд – ЦСКА Москва