Познати двојките за Ф4: Висла Плоцк ќе го предизвика Магдебург, „лисиците“ против „лавовите“

Денеска во седиштето на ЕХФ во Виена беа извлечени полуфиналните парови во Лигата на Европа.

Тимот на Магдебург, кој во осминафиналето го елиминираше Еурофарм Пелистер, ќе игра против полската Висла Плоцк.

Домашниот тим Рајн Некар Левен за место во финалето ќе се соочи со незгодниот Фуксе Берлин.

Завршниот турнир во Лигата на Европа ќе се одржи во германскиот град Манхајм на 22 и 23 мај.