Поделени два куп трофеи, пехарите завршија кај Чеховски медведи и Кадетен

Една недела пред завршниот викенд во Купот на Македонија беа поделени трофеите во Купот на Швајцарија и на Русија. Добро познатите екипи на Кадетен и Чеховски медведи дојдоа до победи во финалињата така што освоија нови пехари.

Во Купот на Русија, тимот на Чеховски медведи немаше проблеми во финалето против составот на Краснодар победувајќи со 31:24. Овој триумф беше доволен за за да може да се дојде до титулата, но и продолжување на доминацијата на составот од Чехов.

Тимот на Кадетен Шафхаузен, пак, се избори за победа од минимални 22:21 против Криенс. Составот на Кадетен беше фаворит, но наиде на силен отпор така што не беше воопшто лесно за да се дојде до победа.