Поволна ждрепка за Гигов и ПАОК – ќе играат против Сесвете во Европскиот Куп

Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација беа извлечени двојките за второто квалификациско коло од машката Лига на Европа, како и двојките за второто коло од машкиот Европски Куп.

Во втората фаза од Европскиот Куп, екипата на ПАОК каде што брани македонскиот голман Виктор Гигов за противник ја доби екипата на Сесвете од Хрватска. И двете екипи не настапија во првата фаза од натпреварувањето.

Екипата на Кастриоти, која е предводена од македонскиот тренер Аце Станковски, доколку ја мине Грачаница од БиХ, во втората фаза од Европскиот Куп силите ќе ги одмери со Баку од Азербејџан.

Израелскиот Макаби Ришон Ле Зион каде што брани Градимир Чаневски доколку во првата фаза го мине Словењ Градец, тогаш во втората фаза ќе се соочи со екипата од Норвешка, Наербо, која во минатата сезона го освои трофејот во Европскиот Куп.

Европски Куп, мажи, 2 коло:

ПАОК – Сесвете

Хелсинки – Беса

Арендал – Измир/Зубри

Олимпијакос – Слобода Тузла

Наербо – Макаби Ришон/Словењ Градец

Ораховац – Карвина

Рико Рибница – Борац Бања Лука

Баку – Кастриоти/Грачаница