Пик Сегед остана без првиот дефанзивец: Блажевиќ заминува после осум години

Еден од подобрите дефанзивци од Хрватска, Ален Блажевиќ после осум години во редовите на Пик Сегед си заминува.

Откако стана јасно дека екипата нема да игра повеќе сезонава бидејќи првенството и Купот на Унгарија нема да се доиграат, а исто така и Лигата на шампионите тој се збогуваше со навивачите.

„Благодарам за сите моменти коишто ги доживеавме заедно. Сегедин е мојот втор дом. Многу сум тажен што поради коронавирусот ова е единствениот начин да се заблагодарам. Клубот има прекрасни фанови кои со цело срце и душа го поддржуват. Заедно успеавме да постигнеме големи победи“, напиша Блажевиќ на социјалните мрежи.

Засег анема информација каде ќе ја продолжи кариерата, но овој 34-годишен ракометар сигурно брзо ќе најде нов тим со оглед на тоа што се работи за особено квалитетен дефанзивец.