Пешевски перфектен, Штутгарт со важен триумф кај Ерланген

Тимот на Штутгарт, каде што игра македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски, славеше важна победа во Бундес лигата.

Штутгарт триумфираше на незгодното гостување кај составот на Ерланген со 27-32, откако и на полувреме водеше со 13-17.

Пешевски беше трет стрелец на овој натпревар и успеа да постигне четири гола од четири обиди, а имаше и една асистенција.

Со овие два бода Штутгарт сега се наоѓа на 15 место, а следниот натпревар ќе го игра дома против Минден.