Пецаковски ќе плати 20.000 денари за навреда на судија

Ракометарот на Пролет, Дејан Пецаковски после добивањето на директен црвен картон на гостувањето на Еурофарм Пелистер на средбата одиграна во средата во салата „Боро Чурлевски“ во Битола заработи парична казна од 20.000 денари.

Оваа казна му е изречена според членот 114 од Дисциплинскиот правилник на Ракометната федерација на Македонија. Во истиот е наведено дека ракометар или друг член на екипата кој ќе навреди официјално лице ќе заработи суспензија до 10 натпревари неиграње или парична казна, која во ситуацијава е во висина од 20.000 денари.

Тој беше исклучен од страна на судијата Александар Вукашиновски на почетокот на 49 минута. Во моментов кога му беше покажан црвен картон на Ласко Андоновски после еден прекршок за седум метри, Пецаковски реагираше кај судијата. При реагирањето веројатно беше прежесток, па судијата му додели директен црвен картон. Откако реакциите не прекинаа брзо му покажа и син картон после кој имаше дополнителен извештај.

Дисциплинскиот правилник го регулира овој момент и според него Пецаковски ќе мора да плати сума од 20.000 денари така што ќе биде олеснет неговиот буџет. Секако, постои можност за жалба во рок од осум дена од донесувањето на одлуката.