Пет од пет за Начевски и Николов, ќе го судат и дербито Франција-Норвешка

Во последното коло од машкиот турнир на Олимписките игри во Токио, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов имаат нов супер натпревар и ќе ја делат правдата на дуелот меѓу Франција и Норвешка.

Најдобрата судиска двојка од Македонија продолжува да ги суди дерби дуелите во машка конкуренција на Олимпијадата во Јапонија така што ова ќе биде петтиот натпревар во 5. коло со што се наоѓа дефинитивно во најдобра форма од сите кои се на игрите.

Начевски и Николов досега одлично ја завршија својата задача и со тоа добија само можност да бидат постојано на најинтересните средби во колото, а пресметката меѓу Франција и Норвешка дефинитивно ќе биде таква бидејќи станува збор за натпревар на кој ќе се оди на пласман повисоко на табелата.

Ова дефинитивно е убава најава за Начевски и Николов на патот кон финалето и може да се очекува да добијат и натпревар за медалите на овие игри, а според квалитетот на арбитражата може да се очекува и главниот натпревар следната сабота.

Вообичаено на три средби е делегиран и делегатот Драган Начевски. Тој утре е дел од натпреварите Египет-Бахреин, Германија-Бразил и Данска-Шведска.