Петрушевски: Не ја потценивме Војводина, влеговме мотивирани и имавме сериозен пристап!

Ракометарите на Вардар во првиот четвртфинален дуел против Војводина во регионалната СЕХА лига немаа многу проблеми, триумфираа со 13 гола разлика, 38:25.

Македонскиот шампион во нерамноправен натпревар лесно се справи со младинскиот состав од Нови Сад и победата ја завери уште во првото полувреме.

Помошниот тренер на Вардар, Стојан Петрушевски даде анализа за денешниот одигран натпревар против Војводина.

,,Работите добро со овие млади играчи. Ние не ве потценивме и имавме видео анализа. Бевме изненадени како игравте и затоа максимално фокусирани влеговме на мечот. Влеговме максимално фокусирани, зашто во спортот мора да се игра до последен момент. Во второ полувреме шанса добијат и помладите, и ја искористија како што треба. Ова беше еден отворен меч како помалку внимание се насочуваше на одбраната.  Ни следува тежок период за десетина дена играме четири меча, Можеби играчите малку се штедеа, а и ние игравме ракомет без фаул.И самио меч беше таков дека примивме доста голови. Ме радува што влеговме фокусирани во мечот и што играчите го дадоа максимумот”, изјави Петрушевски.

Реванш дуелот меѓу Војводина и Вардар ќе се одигра на 11 април во Нови Сад.

Вардар немаше милост за Војводина