„Петлите“ најдоа нов тренер

Хрватскиот стратег Борис Дворшек ќе биде новиот стратег на финскиот тим Рихимаки Кокс, кој беше ривал оваа сезона на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите.

Дворшек потпиша договор на две години со Кокс, а постои и можност да биде продолжен на две сезони.

Некогашниот тренер на Загреб, Карловац, Медвешчак, ЖРК Трешњевка, босанскиот Борац, италијанските Бозен и Епан, како и финскиот ПИФ, доаѓа на местото на Гинтарас Савукинас, кој се пресели во Мотор Запорожје.

Најголемиот успех на Дворшек е освојувањето на регионалната СЕХа лига со тимот на Загреб во 2013 година.