Периќ и Граџан едногласни: Против Магдебург да го покажеме вистинското лице

Ракометарите на Еурофарм Пелистер се во серија од два убедливи порази од Магдебург и Вардар.

Битолчани ги чека реваншот против бундеслигашот во Лигата на Европа, а босанскиот среден бек Јосип Периќ вели дека мора да се одигра најдобро што може против Магдебург.

„Очигледно е дека падот на формата дојде во најлошо можно време. Треба да се собереме и да одиграме најдобро што можеме против Магдебург во Германија. Мораме тој натпревар да го искористиме за да извлечеме поуки и да смениме што не функционираше во нашата игра и да се вратиме на прав пат, бидејќи ни следат уште многу важни натпревари во краток период“, вели Периќ.

Вториот босански интернационалец Елмир Граџан, исто така очекува против Магдебург да се покаже вистинското лице.

„Магдебург е екипа за која не треба да се трошат зборови. Покажаа дека се една многу квалитетна екипа. И ние сезонава покажавме дека можеме секому да парираме. На последните два натпревари малку паднавме, но верувам дека во Магдебург ќе го покажеме вистинското лице. Без разлика на заостанувањето од Битола, нема да се предадеме. Се подготвуваме и сигурно ќе бидеме незгоден противник за нив“, вели Граџан.

Натпреварот меѓу Магдебург и Еурофарм Пелистер се игра утре со почеток во 18:45 часот.